Николоски: Потребна е влада за национален спас која ќе се справи со здравствената криза

Николоски говореше и за буџетот за 2021 година и посочи дека во период на корона криза власта предвудува 20 милиони евра плус за вработување кои ќе бидат чисто партиски и 22 милиони евра за ситни набавки.

260

Она што мене ме загрижува е она што и се случува на Македонија како држава. Имено и во проблемот со Бугарија и во битката со здравстениот и економскиот аспект на кризата како два најголеми проблеми кои ги има во моментов во Македонија не се користат најдобрите умови, не се користат најпаметните луѓе и нема една ширина кај власта да ги употреби истите, изајви.Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

– Паметни држави кога ќе се случат вакви големи кризи, а ова за Македонија е најголема криза по осамостојувањето, паметни држави ги повикуваа најдобрите луѓе кои ги имаат без разлика на политичката профилација, градат заеднички ставови и се обидуваат да се изборат. Затоа ние бараме влада за национален спас која ќе се избори од една страна со економските и здравствените последици на корона кризата, од друга страна ќе се спротистави на националните понижувања од Бугарија и ќе најде начин да го отвори патиот за интегрирање на Макдонија во Европската Унија. Тоа може само најпаметните и најспосбните да го направат со една широка општествена и политичка поддршка тоа секако го нема во оваа влада на Зев –  рече Николоски.






Николоски говореше и за буџетот за 2021 година и посочи дека во период на корона криза власта предвудува 20 милиони евра плус за вработување кои ќе бидат чисто партиски и 22 милиони евра за ситни набавки.

-Денес во Собранието почнува да се разгледува буџетот за 2021 година. Во услови на корона криза имаат предвидено 20 милиони евра плус за вработување во јавна администрација кои ќе бидат чисто партиски вработување. Не предвидуваат пари за амбулантни возила, за респиратори, не предвидуваат пари за нови ковид оддеелинија, но за нови вработувања предвидуваат 20 милиони евра, а на тоа уште 22 милиони евра предвидуваат за таканаречени ситни набавки и тоа е превод столици, тонери печатари и слично. И оттука се поставува прашањето што толку е потребно во текот на оваа година 22 милиони евра да се потрошат на ова, а да не се трошат на потребен медицински материјал за луѓето да не можат да се спасуваат од оваа болест која што го зафати целиот свет – рече Николоски.

Тој додаде дека овие две ставки покажуваат како душмански се однесуваат и тоа оди од најниско до највисоко ниво.

-Тој кој е на најниско ниво во хиерархијата на СДСМ гледа се вработи, а тој кој е највисоко да украде и и да продаде и е филозофија која функционира во СДСМ од основањето на партијата до денес – рече Николоски.

Поврзани содржини