Ѓоковиќ за смртта на патријархот Иринеј: Тажен сум, за еден месец загубивме двајца великани
Имав неколку состаноци со него во последните десет години и имав чест од него да го добијам орденот Свети Сава, една од наградите што најмногу ми значи во животот - рече Новак.
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по победата над Александар Зверев во Лондон рече дека тажната вест за смртта на патријархот Иринеј е потсетник за она што е најважно во животот.
– Нека му биде лесна земја и нека почива во мир, сочувство до неговото семејство и сите православни верници. Имав неколку состаноци со него во последните десет години и имав чест од него да го добијам орденот Свети Сава, една од наградите што најмногу ми значи во животот – рече Новак.
Тој додаде дека многу е тажно тоа што во рок од еден месец починаа двајца великани од СПЦ.
– Во рок од еден месец починаа владиката Амфилохиј и патријархот Иринеј. Не знам што да додадам освен дека секогаш е тажна вест кога некој ќе го загуби животот. Тогаш веројатно ќе разберете некои работи што човекот ги оставил зад себе – рече Ѓоковиќ.