Мицкоски: Зошто Заев попрво би се сретнал со Борисов отколку да седне на лидерска средба?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека го разбира стравот на Зоран Заев од лидерска средба бидејќи тој е политичар со концесии.

465

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара лидерска средба за да се изгради државен консензус за позициите во разговорите со Бугарија. Тој на својот фејсбук профил денеска го сподели своето чудење зошто премиерот Зоран Заев попрво би се видел со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, отколку да биде на лидерска средба.

„Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија.






Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија (https://plusinfo.mk/stanishev-na-dobro-za-bugari-a-e…/). Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се сложам на асимилација на македонскиот народ.
Зоран Заев не сака лидерска средба затоа што пред Владата изнесов јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство. Заев не го слушнавме тоа да го направи.
И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!
п.с. Да потсетам, во време кога поради неспособната влада имаме 30 до 40 починати дневно од Корона, истата таа власт на Заев распиша избори во Штип и Пласница каде самата, како во Северна Кореја, ќе си гласа градоначалници. Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев.“ пишува лидерот на ВМРО-ПМНЕ.
Поврзани содржини