Во Скопје 433 лица се лекуваат од ковид-19 во болница, денеска има 20 празни места

Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

355
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.





Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, еден болен на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица, соопшти Министерството за здравство.
На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.
Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.
Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ“, додаваат од Здравство.
Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.
Поврзани содржини