Познат лекар открива кои се клучните денови во борбата против опасниот вирус

Тој објаснува дека некои пациенти кои не очекуваат фатален исход, почнуваат да се опоравуваат, а мал процент неочекувано умираат ненадејно, што може да биде предизвикано од компликација, најчесто белодробна емболија.

3,532

Познат хрватски пулмолог за тамошните медиуми открива кои денови се најважни во битката на  болните од коронавирусот за да можат успешно да ја победат болеста, за која вели дека може да предизвика ненадејно влошување на здравствената состојба на пациентите со кобни последици.

– Болеста има бизарен тек и навистина може да биде толку тешка што пациентите се борат за секој здив. Овие клинички слики можат да бидат многу лоши. Јас работам во респираторен центар каде што има голем број луѓе. Пациентите се на граница на умерена и тешка клиничка слика и прашање е само кога ќе напредува потребата за кислород и кога лицето ќе заврши на респиратор – вели Саша Срича, пулмолог кој  работи во ковид центарот на јавната болница на Дубрава, Хрватска.






Тој објаснува дека некои пациенти кои не очекуваат фатален исход, почнуваат да се опоравуваат, а мал процент неочекувано умираат, ненадејно, што може да биде предизвикано од компликација, најчесто белодробна емболија.

Добар дел од пациентите убаво закрепнуваат, додава тој, но клучен е петтиот, а потоа 10 и 14 ден.

– Дури и оние кои се отпуштени на домашна нега, честопати чувствуваат недостаток на сила и здив за некое време. Секојдневно се интервјуираат пациенти и најчесто се прашуваат за очекувањата, кога ситуацијата ќе се подобри. Тие се исплашени и загрижени за своето здравје. Посетите не се дозволени, затоа разговараме со нивните семејства секој ден. Тие се исплашени и загрижени, особено затоа што ги чувствуваат симптомите – отежнато дишење. Ние се обидуваме да избегнеме респиратор за нив – советува лекарот.

 

Поврзани содржини