Во Македонија од ковид-19 денеска починаа 25 заболени, од кои најмладиот има 34 години.
Меѓу починатите пациенти, петмина се од Куманово, четворица од Битола, по тројца од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден пациент од Крушево, Гостивар, Кавадарци, Крива Паланка, Струмица, Валандово, Пехчево и Свети Николе.
Еден пациент почина од Крушево, имал 40 години. Петмина пациенти изгуби Куманово на возраст од 34, 49, 49, 66 и 62 одини. Четири пациенти од Битола се меѓу починатите (71,72, 73 и 75), еден пациент од Гостивар (65), еден од Кавадарци (69),еден од Крива Паланка (75).
Еден пациент почина од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68).
Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови.