Монтажната болница во Штип ќе биде поставена над постоечката Киничка болница и ќе има два пристапи. Болницата ќе има четири модули со по 14 кревети, или капацитет од 56 кревети. Увид во поставувањето на монтажната болница денеска направиле в.д. градоначалникот на Општина Штип, директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев, директорите на јавните претпријатија Стипион и Исар, кои одржаа и координативен состанок.
– Денеска вршиме увид на местото кадешто ќе се поставува монтажна болница. Активностите во смисла на потребната инфраструктура се во тек. Почнуваме со подготовка на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација, електручно напојување така да очекуваме во догледно време да ги завршиме сите обврски што ги имаме како локална самоуправа, за да може понатаму Министерство за здравство да го заврши останатиот дел – рече в.д. Градоначалникот, Миланов.
Претставниците од јавните претпријатија Стипион и Исар во наредните три недели ќе ги завршат нивните обврски.
Директорот Георгијев истакна дека Клиничка болница Штип е подготвена да одговори на потребите за целосно функционирање на болницата.