Велика Британија по грешка му честитала и на Трамп

839

Техничка грешка довела до тоа делови од честитката на американскиот претседател Доналд Трамп да бидат видливи и во службениот твит кој британскиот премиер Борис Џонсон му го упатил на Џо Бајден, се правдал портпаролот на британската влада.

Тој рекол дека владата подготвила две различни пораки бидејќи трката за претседател на САД била многу тесна, но дека поради техничка грешка делови од втората порака се измешале во заднината на честитката за Бајден.






Во вторникот интернет страната Guido Fawkes објавила фотографија на твитот откако го прилагодила контарстот и светлината на сликата. Прикажано е името на Доналд Трамп, зборот „втор мандат“ и „во иднина“ во заднината на твитот кој како честитка е упатена до Бахден.

– Како што очекувавте, двете соопштенија се подготвени однапред за исходот на овие тесни избори. Поради техничка грешка делови од втората порака вклучени се во заднината на графиката – изјавил владиниот портпарол.

Поврзани содржини