Двајца починати на ковид одделот во Кавадарци, ново проширување за 10 кревети

410

Двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница ја загубиле битката со корона вирусот, инфомираа од болницата, пренесува КТВ.

Таму во моментов се сместени 49 пациенти и има слободен уште еден болнички кревет.






– 22 пациенти се на постојана кислородна поддршка, а на повремена се 15 пациенти. Од денеска го зголемуваме капациетот за уште 10 легла и ќе бидат вкупно 60 за третман на ковид позитивни пациенти со средно-тешка клиничла слика – вели директорот на болницата д-р Диме Коцев.

Поврзани содржини