Закрепнувањето на Роџер Федерер од повредата на коленото оди добро и се очекува да се врати на Австралија опен, изјави неговиот личен тренер Иван Љубичиќ. Федерер (39) не е на терен на официјален натпревар откако загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен во јануари.
Тогаш тој не играше поради операција на коленото и пандемијата.
– Федерер е во фаза на опоравување и би рекол дека работите одат во многу добра насока. Тој тренира се повеќе и повеќе и подобро. Сакам да видам до каде може во наредните месеци. Доволно е самоуверен – рече Хрватот во интервју за ОКтенис.ит.
Освојувачот на 20 грен слем титули се уште не ја прецизираше својата програма за следната година, но гарантира учество на Австралија опен во јануари.
– Сигурно не можам да кажам денеска што ќе правиме во април. Знам дека сакаме тој да игра одлично на Австралија опен, а потоа да видиме. Важно е да одиме чекор по чекор и да ги почитуваме периодите за одмор – додаде Љубичиќ.