Петтиот најбогат човек на светот вработува луѓе преку „Твитер“, ѝ тој лично ги води разговорите со кандидатите

Илон Маск, основач на „Тесла“, денес ги интервјуира потенцијалните кандидати за работа во новата гигафабрика во Берлин

1,224

Тој е потполно нетипичен шеф, кој ги засукува ракавите кога е потребна помош во фабриката и кој не бира работници врз основа на диплома или „преку врска“, туку само затоа што имаат талент, необични вештини.

Илон Маск ја основаше компанијата „Тесла“, за електронски возила, со идеја загадувањето на планетата да се сведе на минимум, ако сите возиме таков тип на автомобил, но и затоа што тој сакаше да понуди нешто ново на пазарот. Од тој момент, тој дефинитивно стана „име“ во светот на автомобилската индустрија, а денес е петтиот најбогат човек на планетата.






Во моментов има нето богатство во вредност од 96,3 милијарди долари, но нема поделби во неговата компанија, сите тие работат како еден тим. Во работата се потпира на „правило без сила“, што значи дека емоциите работат за нас, наместо против нас и често ја интригираат јавноста преку „Твитер“. Изградбата на новата гигафабрика во Берлин деновиве е во полн ек.

Маск ја посети Германија во септември за да види како напредуваат работите, и по патот се виде со директорот на групацијата „VW“, додека компанијата го лансираше својот прв електронски автомобил. Во исто време, еден од најуспешните бизнисмени бара инженер за работа во „Тесла“ во Берлин – преку „Твитер“!

Кандидатите ќе бидат интервјуирани денес, лично, а електронската пошта на која требаше да испратат „CV“ е „[email protected]“.

Мора да признаеме дека вакво нешто не се случува секој ден, особено во толку големи и успешни компании, каде кандидатите за работа поминуваат низ неколку круга и никогаш не разговараат со сопственикот. Како ви се допаѓа начинот на кој работи Елон Маск?

Поврзани содржини