ЕК инвестира 128 милиони евра во проекти за справување со пандемијата

Овие грантови се обезбедени за проекти, како зајакнување на индустриските капацитети за медицинска опрема, спречување и лечење на коронавирусот, развој на медицински дигитални технологии, како и за проекти поврзани со последиците од пандемијата врз најранливите групи.

199

Европската Комисија најави дека се селектирани 23 проекти во рамките на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ што ќе добијат вкупно 128 милиони евра за справување со пандемијата и нејзините последици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие грантови се обезбедени за проекти, како зајакнување на индустриските капацитети за медицинска опрема, спречување и лечење на коронавирусот, развој на медицински дигитални технологии, како и за проекти поврзани со последиците од пандемијата врз најранливите групи во општеството, информираат од Европската Комисија.






Селектираните проекти вклучуваат тимови од 39 земји ширум европскиот континент и учесници од земјите на ЕУ како и од 15 земји вон ЕУ.

– Овие истражувања се суштински за подобро справување со разните аспекти на оваа и идните пандемии, за да го зголемиме нашиот капацитет да реагираме брзо за спречување на заразата, да ги подобриме дијагнозата и лечењето, и да преземаме подобри мерки за ублажување на последиците земајќи ги предвид однесување, социјалните и економските аспекти – изјави еврокомесарката за иновации, Марија Габриел.

Поврзани содржини