Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ објави документ од 1895 година: Македонци сме и тогаш и сега!

2,365

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на Фејсбук објави документ, според кој се докажува дека сме се декларирале како Македонци уште во далечната 1895 година.

„Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка партија во Република Македонија која се залагаше за влез во ЕУ и НАТО. До денес останавме доследни на оваа определба.






Но за неверување се некои понижувачки барања на Бугарија, исто за неверување се ставовите на некои домашни политичари и луѓе од власта. Чудно е како може човек да заборави од каде е, што е и кој е. Жално е да ги заборавиш зборовите на предците кои ти кажале кој си од кај и зошто си таков каков што си и дека Македонец си.

Но сега се наметнува прашањето, зошто дилема сега?

Кој ни кажува што сме: комисијата, бугарската влада, нашата влада или нашите предци. За предците јас сакам да приложам 1 документ за јавност од 1895 година. Сакам на ваков начин да ги осознаам оние што се отргнале, но сакам да ги вратам оние кои се двоумат и да им кажам кој се кој биле и такви треба и да останат Македонци, каде и да се. Затоа го приложив овој документ за да го видат и бугарските политичари и македонската влада и комисијата за добро да внимаваат за што преговараат“, пишува Сајкоски.

 

Поврзани содржини