Стево Крстевски именуван за в.д. директор на Фондот за здравство, Мухамед Зекири извиси
Стојанче Ангелов оди на местото на Агрон Буџаку во Центарот за управување со кризи,
Владата на денешната седница назначи в.д. директори и нови членови на Извршни и надзорни одбори во јавни претпријатија и акционерски друштва во кои има сопственост.
Стево Крстевски е именуван за в.д. директор на Фондот за здравство од каде што е разрешен Миле Сугарев.
За прв човек на Фондот за здравство беше најавено дека ќе биде поставен Мухамед Зекири, а сега од мистериозни причини е поставен друг човек
Владата даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.
Разрешен е и Агрон Буџаку од директорското место во Центарот за управување со кризи, а на негово место е именуван Стојанче Ангелов. Ангелов е разрешен од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани.
Прифатена е и оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути е именуван на негово место.
Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство.
Александар Ранѓеловиќ е отповикан од член на Надзорниот одбор на Железници Транспорт АД-Скопје, а на негово место е избран Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.
Од Надзорниот одбор на ЕСМ е отповикана Верица Узунова, а на нејзино место е избрана Слаѓана Богдановиќ.
Прифатена е и оставката на Виктор Петрушевски од член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми“, а за неговото место е предложен Трајче Ангеловски.
Владата му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.
Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски и го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди го именува за в.д. директор.
Прифатена е и оставката на Лидија Ѓоршевска досегашна директорка на Државниот испитен центар, а на нејзино место е именува Елизабета Наумовска.
Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност.
Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.
Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.
Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето го именува Злате Симоновски.
Престанок на мандатот Владата утврди и за челновите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.
На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.