Нина Ангеловска се враќа на чело на Асоцијацијата за е-трговија

Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како Претседател - соопшти таа.

1,086

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловскасе повторно е претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, функција која ја имаше пред да стане министерка.

– По стапувањето на функцијата министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како Претседател – соопшти таа.






Асоцијацијата е формирана во 2017 година и има 100 членови од сите сектори поврзани со е-трговија, како банки, компании за достава, маркетинг, ИТ и е-трговци.

Како министерка меѓу првите активности со кои се зафати и беше борба против сивата економија во е-трговијата.

Поврзани содржини