Се зголемува финансиската поддршка за занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали
Право на учество ќе имаат занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.
Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемува од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари, одлучи денеска Владата..
Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.
Со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант.
– Имено со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60% од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.
Пртетходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант – велат од Министерството за економија.