Зоран Заев во кампањата „Живот“ го лажеше народот за набавка на нови амбуланти возила. Денес за жал, на многу болници такви возила им се многу потребни во борбата за живот на пациентите!, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ и со видео снимка потсетува на ветувањето на Заев дека со парите од мерцедесот на Груевски ќе набави амбулантни возила.
Претходно опозицијата објави дека барала со амандман на ребалансот три возила за болницата во Струмица, но власта одбила. Ова го објави Дајанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов најави дека струмичката болница за два месеци ќе добие ново болничко возило.