Велес ги затвори детските игралишта и забавни паркови

212

Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница во петокот одлучи превентивно да  бидат затворени и јавните детски игралишта и детски забавни паркови во Велес. Целта на оваа одлука, како што информира градоначалникот Аце Коцевски, е да се спречи групирање и пренесување на вирусот ковид-19 кај младите и нивните најблиски – родители, баби и дедовци кои одат со нив во детските забавни паркови, а со тоа и да се заштити нивното здравје.

Тој ја оцени како крајно алармантна состојбата со ковид -19 во Велес и апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните меки за заштита со цел да се спречи ширењето на заразата и да се сочува здравјето на граѓаните.






Бројот на активни случаи во Велес и велешко од ден на ден расте и до вчера попладне тој број изнесува 383. Вчера беа регистрирани 50 новозаболени, а завчера рекордни 83 новозаболени со ковид-19.

За десетина дена на Инфективно одделение починаа 15 пациенти што е најмноги од почеток на епидемијата од кога досега се почината вкупно 29 пациенти од Велес и велешко.

Поврзани содржини