Д-р Беќаровски: Мобилни лекарски екипи нека ги посетуваат дома болните од ковид-19, ќе се намали смртноста!

2,680

 Д-р Нико Беќаровски, поранешен директор на Универзитетската клиника за токсикологија објави неколку предози како да се намали високата смртноста од коронавирусот во земјава.

„Повозрасните сигурно се уште ги паметат белите камиони со голем црвен крст во кој се вршеа снимања на градите, како ран скрининг и превенција од ТБЦ. Флуорографијата долго време беше главна и многу успешна алатка за сузбивање на туберкулозата во сите социјалистички земји. Белиот камион патуваше од населба во населба, од град во град и ги откриваше сите заболени од “страшната туберкулоза”. Оваа метода кај нас полека отиде во заборав, но таа во светот имаше свој развој и дигиталните флуорографи денес се апарати со НАЈМАЛО ЗРАЧЕЊЕ НА Х-ЗРАЦИ од само 0.05 mSv (милисиверти). Како што ќе расте бројот на заболени од Covid-19, така ќе биде неопходно се поголем број од заболените да се лекуваат во домашни услови, а тоа неминовно ќе води и до погрешни проценки за тежината на болеста. Затоа можеби е добро да се размисли за формирање на мобилни екипи, (доктор, лаборант, ртг техничар) кои ќе ги посетуваат болните во нивниот дом, со цел да се направат неопходните лабораториски иследувања и (РТГ или ДИГИТАЛНА ФЛУОРОГРАФИЈА) во домот на заболениот“, вели д-р Беќаровски.

Кај сите каде што со пулсоксиметрите, вели докторот, лабораториските анализи и РТГ/ФЛУОРОГРАФИЈА, ќе се установи потреба за кислородна подршка, ќе може да се инсталираат домашни концентратори на кислород, за кислородна подршка.

„На овој начин ќе може успешно да се детектираат сите компликации, а граѓаните нема да се чувствуваат заборавени од системот, што ќе придонесе до драстично намалување на притисокот врз болниците, каде навистина би биле сместени само најтешките форми на заболувањето“, пишува д-р  Беќаровски.

Поврзани содржини