ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки

Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка, наведено е во соопштението.

329

Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на ковид-19 не се подготви, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонски грип нема. Хронично болните се на удар. Медицинскиот персонал не е целосно обучен, иако можеше да се примени систем на ротација, тоа не се направи. Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително, проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и ковид-19 влијае фатално за лицата со хронични болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини