Во обраќањето до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон пред малку објави дека Франција од петок воведува заклучување на земјата поради брзиот раст на новите инфекции од ковид-19.
Макрон рече дека земјата треба да ја заштити својата економија, но стратегијата за имунитет на стадо ќе доведе до 400.000 смртни случаи во Франција.
– Здравствениот систем нема да се одржи, освен ако не постои економија за поддршка. Ништо, сепак, не е поважно од човечкиот живот. Не можевме да сториме ништо и да прифатиме имунитет на стадо… краткорочно тоа ќе значи тријажа на пациенти и 400.000 дополнителни смртни случаи“ – рече Макрон.
Макрон рече дека ковид-19 циркулира побрзо од предвидувањата и потребни се нови мерки.
Како и пролетта, Французите ќе можат да одат на работа, да одат на лекарски консултации, да обезбедат помош, да купуваат… Приватните состаноци и јавните собири се забранети.
– Тоа значи враќање на потврдата за излегување надвор – рече Макрон.
Поддршка до 10.000 евра месечно ќе се додели на деловните субјекти кои се административно затворени. Делумната невработеност е проширена за вработените и работодавачите.
Децата ќе продолжат да одат на училиште, односно градинките, основните и средните училишта ќе бидат отворени, додека студентите ќе ја следат наставата преку Интернет.
Сите мерки утре се очекува да бидат детално претставени од Владата.
Овие мерки засега се предвидени да траат до 1 декември.