Шампион во паркирање: Луѓето не веруваат кога ќе видат на каков простор маневрира (ВИДЕО)

Инаку, видеото го направи сопругата на овој вешт возач, а видеото наскоро стигна и до социјалните мрежи, каде стана вирално.

3,881

Одреден број возачи мака мачат со паркирањето, а најтешко им е кога треба да го паркираат своето возило бочно помеѓу двата автомобила. Еден Индиец се покажа како мајстор во оваа „дисциплина“, па го паркираше автомобилот таму каде што другите не ни помислуваат дека можат.

Понекогаш возачите имаат премалку простор за едноставно паркирање, па затоа мораат да маневрираат неодредено време, друг пат влегуваат под лош агол, па се принудени да прават се од почеток, а честопати над главите висат „нервозни“ возачи кои немаат трпение да чекаат, па почнуваат да трубат, што, пак, предизвикува дополнителна нервоза кај оној што паркира.






Се чини дека овој Индиец нема проблем со тоа, бидејќи тој лесно успева да го паркира (и помести) миниванот на Тојота, каде ретко кој би помислувал на некој ќе се обиде. И тој го прави тоа секој ден.

Инаку, видеото го направи сопругата на овој вешт возач, а видеото наскоро стигна и до социјалните мрежи, каде стана вирално.

Интересно е и тоа што автомобилот што го паркира воопшто не е во сопственост на овој вешт Индиец, но тој го позајмил од пријател затоа што му бил потребен за работа.

Според медиумите, неговиот опис на работното место вклучува возење автобус, како и управување со теренец, така што, очигледно, паркирањето на патничко возило не претставува проблем за него.

Поврзани содржини