Трагедија во Шангај: Мечка усмрти работник во Зоолошката градина пред очите на посетителите (ВИДЕО)
Трагичниот настан се случил пред автобус полн со посетители во делот каде што живеат дивите ѕверови.
Голема трагедија се случила денеска во Зоолошката градина во Шангај кога една од мечките му се нафрлила врз работник во Зоолошката и го усмртила пред очите на посетителите, објави Би-Би-Си.
Трагичниот настан се случил пред автобус полн со посетители во делот каде што живеат дивите ѕверови.
Управата на Зоолошката градина изразила сочувство до семејството на настраданиот работник и објавила дека Зоо-паркот привремено се затвора поради потребата за подобрување на безбедносниот систем.