Алармантни бројки на новозарзени во Италија и во Холандија

589

Рекордни 10.925 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Италија во последните 24 часа, а 47 пациенти починале, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е втор ден по ред како се регистрира најголемо дневно зголемување на бројот на новозаболени од почетокот на пандемијата.






Италија беше најтешко погодената земја во Европа во првиот бран на епидемијата минатата пролет, а по бројот на жртви со 36.427 смртни случаи е на второ место по Велика Британија. ј

Холандија пак, постави нов негативен рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот, откако денеска се регистрирани повеќе од 8.000 пациенти, а 29 лица починале, објави Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус денеска е 8.114.

Во Холандија од почетокот на епидемијата до сега починале 6.737 лица.

Поврзани содржини