Стоилковски: Наместо брана и жичара, Бочварски во Штип изгради приватна  зграда

373

Зад мене е препораката за Благој Бочварски да стане нов министер за транспорт и врски во Македонија. Во тригодишниот мандат оваа приватна зграда зад мене е единствениот објект кој што Бочварски го изгради во Штип, рече потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стиолковски.

Ја нема браната на Отиња, ја нема жичницата, нема гасификација, нема реализирани ниту еден -капитален проект во Штип, ама затоа има приватен станбен комплекс. Од оваа единствена градба на Бочварски, наместо Штип и штипјани, корист доби само семејството на Бочварски. Имено, реализатори на оваа станбена зграда се токму семејните фирми на Бочварски. По теркот на феудалецот Заев, за Бочварски е природно е семејните компании – „Пелагонија Инжинеринг“ и „Техноинвест“, да бидат вклучени во најголемиот дел од тендерите на локалните институции, да бидат изведувачи и подизведувачи на секој втор урбанистички зафат во општината – рече Стоилковски.






Според него, цели  три години  Бочварски наместо за Штип се грижеше за тендерите и семејните бизниси. А можеше да реализира барем едно од ветувањата. Нaместо тоа на штипјани во сеќавање им ја остави оваа стамбена зграда и постерот за изградени 1.000 метри асфалт.

 

 

Поврзани содржини