Српските служби за безбедност предупредија дека Албанци спремаат организирани напади врз Србите на Косово
На прашањето како државата ќе ги заштити своите луѓе на Косово, Вучиќ одговорил дека тоа не е лесно, бидејќи Србија нема ефективна контрола таму, но, како што додал, со мудра политика и со разговори може да се сочува српскиот народ на Косово.
Српските служби за безбедност го предупредија државниот и воениот врв на Србија дека се подготвуваат организирани провокации и напади од Албанци врз Србите на Косово, пренесува РТВ.
„Србите на Косово, особено оние во енклавите, во наредните денови ќе бидат мета на организирани провокации и напади од Албанци, со цел создавање нестабилност кога би довела до уште еден застој во дијалозите помеѓу Белград и Приштина, како и опструкции во соработката со Специјалниот суд во Хаг“, наведува медиумот.
Како што е посочено таму, албанските челници на Косово од почетокот на септември годинава спроведуваат акција под кодното име „Чест“, со цел да спречат покренување обвинение против косовскиот премиер Хашим Тачи, поради убиства, воени злочини, прогон и мачење.
Според медиумот, намерата е Приштина повторно да направи застој во преговорите со Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, тврди дека нема да има напади или прогон врз српското население на Косово.
На прашањето како државата ќе ги заштити своите луѓе на Косово, Вучиќ одговорил дека тоа не е лесно, бидејќи Србија нема ефективна контрола таму, но, како што додал, со мудра политика и со разговори може да се сочува српскиот народ на Косово.
– Ќе се бориме дипломатски, ќе известуваме и ќе предупредуваме – рекол Вучиќ.
Тој додал дека лично верува во разумот и дека Албанците разбираат дека ништо не се решава со оружје, туку единствено со разговори, со студени глави и со компромиси.