Марија Шерифовиќ ја менува професијата поради короната
Станувам јутјубер, бидејќи нема пари од пеење. Ќе пеам следната година - најави Марија.
Со пандемијата на коронавирусот, пејачите практично останаа без работа затоа што им беа откажани сите настапи и концерти.
Поради тоа, српската пејачка и некогашна победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ, реши барем привремено да ја смени професијата, а за својата одлука ги извести и своите обожаватели.
Таа на својот Инстаграм објави видео во кое зборува за својот нов потег.
– Станувам јутјубер, бидејќи нема пари од пеење. Ќе пеам следната година – најави Марија.