Роберт Алаѓозовски повеќе не е национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, туку за интеркултурализам.
– Владата го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност – информира владата.
Во минатата влада Алаѓозовски беше и министер за култура, додека Поповски министер без ресор задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност.