Турски државјанин со мобилен телефон украл 11.000 евра
За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Турски држајванин пријавил во СВР-Битола дека лице исто така од Турција, преку неговиот телефон и без негово знаење префрлил 11.000 евра на неговата сметка.
– Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола пријавил дека на 23.септември лицето Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка – велат од СВР-Битола.
За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.