Бојан Јовановски – Боки 13 е повторно во болница поради влошена здравствена состојба, јавува „Република“ повикувајќи се на болнички извори.
Тој се наоѓа во Градската болница „Св. Наум Охридски“ и му се укажува лекарска нега откако прокрварел поради последици од хируршкиот зафат кој му беше направен пред две недели.
Тој во петокот беше вратен во затворот Шутка, но попладнево состојбата повторно му се искомплицирала.