Милошоски: Хибриден режим е кога полицијата брутално тепа по улици

470
Хибриден режим е и кога полицијата грубо ги крши човековите права на граѓаните, особено на Ромите, со брутално тепање по улици!, реагира на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски на полициската бруталност врз граѓани Роми.





„Сите честитки на ромски јазик од МВР на Спасовски сега испаѓа дека биле само предизборна хипокризија, накитена со пакет прехрамбени производи, кон оние кои денес се реални жртви на полициското насилство“, пишува Милошоски.
Уште едно видео со полициска бруталност вчера се појави на социјалните мрежи, по она на кое се гледаше како полицајците тепаат битолчанец. На видеото  се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.

Поврзани содржини