И последниот ден од летото ќе биде топол

УХМР и за првиот ден од есента најавува сончево време со умерена облачност.

243

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На последниот ден од летото, минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, а максималните од 23 до 29 степени. Во Скопје минимална температура до 10 степени, максимална до 29 степени.






УХМР и за првиот ден од есента најавува сончево време со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Поврзани содржини