Најпознатото дело на Рембрант крие мистерија (ФОТО)

Благодарение на медицината на 20 век, на градите на љубовницата на Рембрант била откриена необична точка. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да имала рак на дојка? 

687

Сигурно сте ја виделе една од најпознатите слики на Рембрант – „Батшеба во нејзината бања“, насликана како инспирација од неговата долгогодишна љубовница Хендрикје Стофелс. Но, иако ова познато дело го виделе милиони луѓе ширум светот, сега благодарение на модерната медицина е откриено нешто сосема необично на оваа слика.

Благодарение на медицината на 20 век, на градите на љубовницата на Рембрант била откриена необична точка. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да имала рак на дојка?

Во 1967 година, еден италијански хирург го посетил музејот „Рајкс“ во Амстердам, а таму за првпат го видел славното дело на Рембрант кое било позајмено од парискиот „Лувр“. Хирургот веднаш забележал безбојна точка на левата дојка и нешто што наликувало на оток на делот под пазувот. Со други зборови, како што објаснил, станувало збор за класичен симптом на карцином на дојка кој во 17 век бил целосно непознат.

Теоријата дека Хендрикје имала злокобна болест во периодот кога Рембрант ја насликал, била поддржана и од двајца австриски хирурзи во 80-те години на минатиот век.

Поврзани содржини