На Пулмологија и на Инфективна со тест ќе се утврдува дали е ковид-19 или грип

426

На Клиниката за пулмологија и алергологија и на Инфективната клиника во Скопје ќе се инсталира апарат и ќе се прави тест кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има ковид-19 или сезонски грип.

Овој тест веќе се правел, но во палетата го немало новиот коронавирус. Според министерот за здравство Венко Филипче, ова ќе биде од голема помош при справување со есенскиот бран од новозаразени со ковид-19.






– Со апаратите што ќе ги добиеме ќе имаме можност за најкратко време да ги дијагностицираме овие пациенти и адеквантно да ги испратиме во установите коишто се занимаваат и ги лекуваат овие пациенти. Останатите кои се негативни ќе бидат третирани на нашата клиника – изјави директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија  Дејан Докиќ.

 

 

Поврзани содржини