Димитров со трогателен статус на Фејсбук се прости од својата мајка (ФОТО)

Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја прекрасна! Се гордеам што сум твој син“, напиша Никола Димитров на Фејсбук.

2,013

Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше широкоградо, на толку многу луѓе, напиша Никола Димитров на Фејсбук.

„Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес. Синоќа, во последниот повик до татко ми, на крајот го прашала каков бил денот во Собрание. Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја прекрасна! Се гордеам што сум твој син“, напиша Никола Димитров на Фејсбук.






Пратеничката од првиот парламентарен состав Ратка Димитрова, почина на 80-годишна возраст.

Димитрова беше координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието од 1991 до 1994 година.

Таа имаше и богата кариера како виолинистка, со многу одржани концерти во нашата земја и во светот.

Поврзани содржини