Силјановска го искара Џафери поради доцнењето, тој ја префрли вината кај пратениците
Почитувана пратеничке, јас сум тука од 15 до 9 часот. Пратениците доцнеа - рече Џафери.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, процедурално на почетокот на седницата на Собранието за избор на влада, реагираше кон претседателот Талат Џафери за доцнењето, како и за брзањето да се свика седница.
– Прво, ве молам во иднина да не доцните. Претседателот на Собранието треба прв да биде во законодавниот дом. Второ, многу брзо ја свикавте седницата, и тоа во неработен ден. Ние имавме само три дена да ја погледнеме програмата и биографијата на министрите, а треба најмалку 10 дена – рече Силјановска-Давкова.
Џафери, пак, вината ја префрли кај пратениците.
– Почитувана пратеничке, јас сум тука од 15 до 9 часот. Пратениците доцнеа – рече Џафери, а потоа ѝ одговори зошто седницата ја свикал за толку брзо време.
– Да, така стои во Деловникот, но има една точка која вели дека претседателот може да ја свика седницата за избор на влада и во рок пократок од 10 дена, ако смета дека тоа е неопходно -рече Џафери.