Села: Немав понуда од СДСМ, тие сакаа да продолжат со ДУИ
Тој смета дека ќе нема премиер Албанец, и дека сето тоа е само манипулација на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечер на ТВ21 изјави дека после изборите немале конкретна понуда од СДСМ за коалицирање за Влада.
– Ние дадовме предност на ДУИ да преговара со СДСМ, за да може ДУИ да добие премиер Албанец за четиригодишен мандат. ДУИ тоа не го направи и треба да оди во опозиција – рече Села.
Тој смета дека ќе нема премиер Албанец, и дека сето тоа е само манипулација на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Според него, предизборната реторика на ДУИ и СДСМ била манипулација со јавноста во меѓусебна координација.
– Тоа што го правеше со Груевски во минатото, сега Ахмети го прави со Заев – истакна Села.
Тој го повтори ставот дека ДУИ украла гласови на изборите на штета на коалицијата на Алијансата и Алтернатива.