НОВ СКАНДАЛ ВО САД: Полицаец стрела 7 куршуми во грбот на Афроамериканец (ВИДЕО+ФОТО)
Локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како полицаецот оди по мажот и во моментот кога тој влегува во колата страла во него.
Во Афроамериканец од градот Кеншоа, САД, вчера полицаец истрелал 7 куршуми од пиштол, откако тој се обидел да влезе во својата кола, по инцидент на семејно насилство каде што полицијата била повикана да интервенира. Повредениот е пренесен во болница каде што се бори за животот.
Полицијата реагирала на повик за семејно насилство, а очевидците за локалните медиуми изјавиле дека мажот не учествува во насилството , туку дека се обидел да раздвои две жени кои се тепале, а откако дошла полоицијата тој сакал да си замине со својот автомобил,
Локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како полицаецот оди по мажот и во моментот кога тој влегува во колата страла во него. Околу неговиот автомобил се распоредени повеќе полицајци.
Ранетиот човек бил пренесен во болница од страна на полицијата.
Веднаш по инцидентот се собрале околу 60 граѓани, кои започнале протест.
Инцидентот е предаден на Министерството за правда во Висконсин, Одделение за криминална истрага, кое ќе го испитува офицерот, вклучен во пукањето.