Поддржуваме премиер Албанец само ако има четиригодишен мандат. А, сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари во интервју за ТВ21 од коалциијата Алијанса, Алтернатива.
– СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување – тврди Таравари.