И покрај ковид-19 во јуни се граделе станови, но и гасоводи, патишта и електрани

Предвидената вредност на објектите изнесува 12, 9 милијарди денари што е зголемување за 469 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

614

Во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 12, 9 милијарди денари што е зголемување за 469 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 или 52 отсто се за објекти од високоградба, 54 или 19,8 отсто се за објекти од нискоградба и 77 или 28,2 отсто за објекти за реконструкција. Од вкупно 273 објекти, на 159 или 58,2 отсто инвеститори се физички лица, а на 114 или на 41,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.






Во периодот предвидена е изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45.634 квадратни метри.

„Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот регион“, соопшти Државниот завод за статистика.

Поврзани содржини