Во Белорусија маршираат жени во бело за повредените во протестите
Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“.
Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир“ на Плоштадот Комаровски во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите изминатите денови во Белорусија.
Полицијата побара жените, претежно млади девојки, да се разотидот, што тие и го направија, но набрзо се вратија на плоштадот.
Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“.