Ахмети се сретнал и со Заев, разговорите надежни ама неодлучувачки
Со тоа, практично од денеска стартуваа официјални преговори меѓу лидерите на ДУИ и на СДСМ.
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во вестите на телевизија Сител средбата ја оцени како конструктивна и рече дека најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба во текот на изборната кампања со цел да се создадат предуслови за поставување на маса на позициите на партијата на Ахмети.
– Потребно е уште малку трпение при средбите следниве денови – истакна Османи.