Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на ковид-19, а најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини, во Скопје најмногу има во Чаир -168, следи Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493.