Повеќето родители се договориле за контактот на детето со родителот со кој не живее, велат од ЦСР
Центрите за социјална работа како надлежни органи, за време на здравствената криза од Ковид 19 ги вршат своите надлежности и постапуваат преку стручна и советодавна работа со родителите, обезбедуваат поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата, имајќи го предвид ризикот и условите во секој конкретен случај, а со цел пред се да го заштитат здравјето и интересот на детето, тврдат од ЦСР Скопје откако пред три дена петмина родители поднесоа кривични пријави против надлежните токму поради непостапување во овој правец
Откако пет членови на Иницијативата за заедничко родителство после развод, на кои воопшто или многу малку им се дозволува да ги гледаат своите деца и претходно, но особено периодов додека трае кризата со корона вирусот, поднесоа кривични пријави против стручните тимови при Меѓуопштинските центри за социјални работи затоа што не преземале ништо, иако другиот родител не ги почитувал решенијата за уредување на видувањата со нивните деца, побаравме изјава и од нив.
Од ЈУ МЦСР Скопје денеска ни одговорија, но кривичните пријави на родителите не ги коментираа.
Можеби ќе ве интересира
Целиот текст можете да го прочитате на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey