Мицкоски обелодени изборен поткуп: 10 милиони евра се поделени на рака, ова е невидено и во светски размери
Чувствувам одговорност за резултатот на изборите и тука нема дилема, секогаш се водам од моите принципи, но по недвосмислената доверба што ја добив од органите на партијата ќе биде кукавички да избегам, вели Мицкоски.
Поткупот пред изборите беше вршен преку картичките што беа делени во сумa од 28 милиони евра, потоа преку проeктот зелена нафта. Нашите информации се дека10 милиони евра се поделени на рака, вонинституционално, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.
– Ова не очекувам да биде предмет на обвинителството, бидејќи за нив некои други работи се интереси – вели Мицкоски.
На прашање зошто ова не го објавиле пред изборите Мицкоски вели дека сакале да играат витешки и не сакале да стават дамка на преговарачкиот процес со ЕУ, но додаде дека должи извинување до граѓаните зошто тоа не го направиле.
– Станува збор за девијантно однесување и поткуп кој досега е незабележан во светски размери, не само во Македониј. Пример кој што се кажува низ кулоарите, да речеме во Кавадарци, каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па, дошле по неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари – вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето дали ќе поднесе оставка по поразот на изборите одговори:
– Чувствувам одговорност за резултатот на изборите и тука нема дилема, секогаш се водам од моите принципи, но по недвосмислената доверба што ја добив од органите на партијата ќе биде кукавички да избегам.
Со тоа, вели Мицкоски најсреќен бил бил политичкиот противник и една мала група која сака повторно да направи преврат во партијата за да може да користи во свои математики и пазарења.