Јовановиќ: Да се казнат фирмите што не ја исплатиле државна помош на работниците

Според него, во иднина, кога ќе се дизајнираат вакви мерки, парите треба директно да им се исплаќаат на работниците,  а не преку фирмите.

630

Фирмите кои добиле државна помош а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени, прокоментира Бранимир Јовановиќ ,поранешен советник во Министерството за финансии на својот фејсбук профил, откако вчера од УЈП информираа дека газди на фирми зеле субвенции за плати, но не им ги изплатиле на работниците.

– Ако ова не се направи, секоја фирма во иднина ќе знае дека може слободно да си ги крши законите на штета на работниците и да поминува неказнето – смета Јовановиќ






Според него, во иднина, кога ќе се дизајнираат вакви мерки, парите треба директно да им се исплаќаат на работниците,  а не преку фирмите.

Поврзани содржини