Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и не верувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, изјави за ТВ21 генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој заедно со незадоволните од пребројувањето на гласовите на изборите вечерва е на протестен марш во Скопје.
Тој рече дека пораката на маршот е да не се повторат грабежите и криминалите кои се случуваат во последните 18 години на изборите во земјава.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во својот говор пред седиштето на делегацијата на ЕУ порача дека со овој марш се испраќа јасна порака дека една држава којашто ги почнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и бидат избрани, што е основно човеково и политичко право во ЕУ.
– Правото да се брани гласот е важно исто толку колку што е важно да се брани и самата слобода. Овие се правила на демократијата. И затоа нема да дозволиме да се манипулира со волјата на народот – рече Села.