Поминаа речиси 23 години од смртта на принцезата Дијана.
На принцот Вилијам му се слошило на гробот на неговата мајка, пренесува британскиот магазин „Глоуб“. Тој наводно добил страшен напад на паника.
– Вилијам беше неутешен поради фактот дека неговите деца никогаш нема да ја запознаат неговата мајка – објаснил извор за магазинот „Глобус“.
Тој додал дека само со смирената и брза реакција на Кејт Мидлтон, Вилијам брзо дошол при себе. Тој наводно добил паничен напад, и отежнато дишел. Кејт го повикала и обезбедувањето напомош. Таа не сакала да ризикува, на нејзиниот сопруг да му биде уште полошо, па го убедила да оди во приватна ординација која се грижи за кралското семејство. За среќа, Вилијам се согласил и набрзо му било многу подобро.
– Само Кејт успеа да го убеди да посети една приватна клиника – тврди изворот.
Исто така, спомнатиот таблоид тврди дека тој ден Вилијам останал во болница додека неговата сопруга била покрај него.