Генералниот секретар на ДУИ Артан Груби открива дека сите лидери на партиите на Албанците со кои разговарал Али Ахмети, односно Мендух Тачи, Африм, Гаши и Билал Касами декларативно се согласиле да го поддржат предлогот за премиер Албанец, освен лидерот на Алијансата Зијадин Села. Тој ова го вели во интервју за албанскиот весник „Шќип“ .
– Резултатите од изборите во нашата земја не прогласија за апсолутни победници и во сите изборни единици победи ДУИ и Али Ахмети. Првиот чекор по потврдувањето на победата и објавувањето на резултатите беше воспоставување контакт со албанските парламентарни политички партии за обединување на силите во Собранието и за максимизирање на нашите достигнувања. Декларативно, сите партии се согласија да ги поддржат националните стремежи освен Зијадин Села иако ден пред изборите, тој вети дека ќе го стори тоа и дека ќе го почитува победникот. Но, верувам дека по обидите за дефокусирањето за длабокиот пораз и избегнување на одговорноста во рамките на партијата, и тие ќе рефлектираат – вели Груби во интервјуто.
Тој додава дека им е неопходно албанско обединување за да ги постигнат национални цели.
– Вистината е дека ни треба албанско обединување за да постигнеме национални цели, а не „ножеви зад грб“ со тоа што овие партии ќе престанат да стојат позади врата и целосно да им бидат на располагање на македонските партии. Сега засега, сите ја поддржуваат нашата идеја за првиот премиер Албанец на нашата земја и цениме дека тоа е можно и е во најдобар интерес на земјата и го заокружува патот до целосна еднаквост, ја зголемува довербата меѓу двете државни заедници и создава стабилност – вели Груби.