Сè уште чади изгорениот автомобил спроти Македонска пошта (ВИДЕО)
Во момнетов нема информации за повредени лица, но како што може да се забележи автомобилот е празен.
На булеварот ВМРО наспроти Македонска пошта целосно изгоре автомобил.
Како што може да се види на видеото објавено од „Вечер“, возилото е целосно изгорено, а со огнената стихија се справуваат две противпожарни возила.
Во моментов нема информации за повредени лица, но како што може да се забележи автомобилот е празен.
Исто така нема ни информации која е причината поради која се запалил автомобилот, но повеќе детали се очекуваат во текот на денот.